Македонски (Macedonian)

За нас

Tenants Victoria (Станари Викторија) е бесплатна и доверлива услуга за луѓето кои земаат стан под кирија во државата Викторија. Ние обезбедуваме информации и совети на многу јазици за да им помогнеме на станарите да си помогнат себеси.

Tenants Victoria (Станари Викторија) може да:

  • ви помогне да пополните обрасци или договори во врска со вашето изнајмување стан под кирија
  • ве советува за конкретни проблеми, пр. поправки, зголемувања на киријата
  • преговара и да ве застапува пред сопственикот на станот или агентот за недвижнини
  • ви помага или ве застапува пред VCAT (Граѓански и административен трибунал на државата Викторија)
  • да зборува со вашата група во заедницата за правата на станарите

 

Контактирајте не

Сите наши услуги се бесплатни и многу се барани, и иако нашите советници ќе им помогнат на колку што е можно повеќе луѓе, ве молиме да имате во предвид дека често може да има долго чекање и не можеме да гарантираме дека ќе му помогнеме на секој што ќе не контактира.

Линија за помош на станари: 03 9416 2577

Ако се јавите и ни го кажете вашето име, вашиот јазик и вашиот телефонски број, може да ви се јавиме со преведувач за вас.
Понеделник, вторник, среда, четврток, петок: 9:00 – 16:00 часот
Затворено за време на викенди и државни празници

 

Совети за станари

Ве молиме да имате во предвид дека страниците со совети не се достапни на сите јазици

(please note that advice pages are not available in all languages)

Tenants Victoria acknowledges the support of the Victorian Government.